Во велешката болница 10 пациенти на кислородна поддршка
Објавено: 24 август, 2021, во 10:39 часот
Во Општа болница Велес на Инфективно одделение се лекуваат 25 пациенти од кои 22 се потврдени позитивни на коронавирусот и тројца се сомнителни.
-На кислородна поддршка се 10 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елеонора Јованова.
Од болничко лекување испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест на коронавирусот.
Стефани Манева


