Во велешката болница хоспитализирани 31 ковид пациенти

Објавено на 25 август, 2021 во 13:28

На Инфективно одделение во Општа болница Велес хоспитализирани се  31 пациент од кои 27 се потврдени позитивни на Ковид-19 и четворица се сомнителни.

На кислородна поддршка се 10 ковид пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елеонора Јованова.

Утрово на Инфективно одделение починат е пациент на педесет и четири годишна возраст од Велес, лекуван 12 дена во велешката болница.

Во текот на денот испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.