Волонтерски ден во населбата на „Хабитат Македонија“ во Велес и предлог владата да формира Национален фонд за енергетска ефикасност

Објавено на 24 јуни, 2021 во 15:32
Волонтерски ден на градилиштето во населбата “Хабитат“ во Велес

Со мистрии во раце ја црпеа подготвената смеса од кантите и ја нанесуваа на парчињата стиропор што потоа ги прицврстуваа на фасадата на шестата зграда во популарно наречената „Американска населба – Хабитат“ во Велес. Денеска, на волонтерскиот ден, неколку часа, работеа Вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерката за култура Ирена Стефоска, потпретседателот на Habitat for Humanity International за Европа, Блиски Исток и Африка, Ричард Хатавеј и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Подржувајќи ја визијата на организацијата Habitat for Humanity за свет во кој секој еден има право на пристојно место за живот, вицепремиерот Бетиќи оцени дека имање на сопствен дом за граѓаните во Македонија е една од суштествените потреби за тие да чувствуваатр сигурност и да можат да допринесуваат во општеството.

Вице премиерот Фатмир Бетиќи

-Затоа, за мене, градењето домови за оние кои се соочуваат со потешкотии, е една од најхуманите акции кои можат да се направат. Сакам да се заблагодарам на Habitat for Humanity кои изградија шест станбени објекти во Велес, со што се овозможува дом на повеќе семејства со ниски примања. Дополнителна вредност, е тоа што овие домови се енергетско ефикасни, додаде Бетиќи.

Градоначалникот Аце Коцевски

Упатувајќи благодарност до Habitat for Humanity, УСАИД, и владата за поддршката што ја даваат на Велес и на велешани преку изградба на станови и енергетска ефикасност на домовите, градоначалникот Аце Коцевски, додаде:

-Ми беше чест што денеска со волку високи претставници на влатата и на меѓународната заедницана присуствував на прекрасен настан. Разменивме мислења за енергетската ефикасност и изградбата на домови за граѓаните кои ги исполнуваат условите  и што имавме прилика со тоа што малку поработивме да испратиме многу силна порака до сите граѓанки и граѓани да го поддржуваат волонтерството и да покажат општествена одговорност во наредниот период.

Шести колективен стамбен објект во населбата „Хабитат“ во Велес

Ерик Хатовеј потпретседател на Habitat for Humanity International за Европа, Среден Исток и Африка изјави дека доаѓа од американска профилација која работи таму каде што постои интерес на локалните власти и особено од локалните граѓани вклучувајќи ги и граѓанските организации заинтересирани да им помогнат на граѓаните со потреба.

-Велес е идентификуван пред повеќе години како заедница во која беа земени во предвид сите три аспекти и позитивно оценети. Локалната власт во 2008 година имала интерес и потреба а Habitat for Humanity International заинтересирана да работат во вашиот град. Се надеваме дека сме во пост ковид состојба и се надеваме дека ќе започне сезоната на доаѓање на меѓународни волонтери со што оваа населба повторно ќе биде едно големо градилиште, додаде Хатовеј.

Зоран Костов и Ерик Хатовеј

Според Националниот Директор на Хабитат Македонија Зоран Костов изградбата на шесте колективни стамбени згради во Велес досега ја помогнаа од 60 отсто волонтери кој дојдоа да волонтираат во оваа населба од САД, 30 отсто од Западна Европа додека останатите беа од разни држави на светот.  

-Проектот за новоградби во Велес е еден од 14 проекти што Habitat for Humanity ги спроведува. Неколку од 13 останати проекти се поврзани со енергентската ефикасност на постоечкиот стамбен фонд што доминира во државата. Тој е во многу лоша состојба, на сите ни е познато. Нашата позиција што се обидов да им ја објаснам на вицепремиерот Бетиќи и на останатите гости  е обнова на постоечкиот стамбен фонд преку мерки на енергетска ефикасност кои можат да добијат мала поддршка од меѓународните донатори и од владата. Како во делот на регулативата, унапредување на законските решенија така и во делот на мали субвенции што сега се оставени на локалната самоуправа. Нашиот предлог е тоа да биде Национален фонд за енергетска ефикасност што ќе биде на располагање на граѓаните на Северна Македонија, додаде Костов.

Енергетски ефикасни домови во населба “Хабитат“, Велес

.Пред волонтерски да работат гостите на Habitat for Humanity денеска разговарале и размениле искуства со американската профилација  за тесната врска на климатските промени и енергетската ефикасност на објектите во државата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.