Вооружен инцидент на наплатна станица Сопот

Објавено на 7 јули, 2021 во 10:16

Полициски службеници од СВР Велес завчера вечер ги лишиле од слобода И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп, откако во 19.55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д. сопатникот во возилото П.Б им вперил пиштол.

Во обид да избегаат прилепчаните ја оштетиле наплатната рампа.

Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми. Повредени лица нема.

За случката известен е Јавен обвинител. По документирање на случајот против И.Д и П.Б ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License