Возач тешко повредил жена во Кавадарци

Објавено на 18 октомври, 2023 во 11:23

Седумдесет и три годишната С.Б од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди откако патничко возило „Лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано четириесет и три годишниот В.Н удрило во неа.

Сообраќајната незгода се случила на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, по што кавадарчанката била пренесена во Општа болница Кавадарци кадешто и биле констатирани тешки телесни повреди.

Случајот бил пријавен во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 19:50 часот, нивна екипа извршила увид на местото а за настанот бил известен и јавен обвинител.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.