Возач управувал автомобил со 3,05 промили алкохол во крв, во Кавадарци

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода триесет и пет годишниот А.М. од село Глишиќ, кавадаречко, утрово, во 04:00 часот, на улица „Дисанска“ во Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено било патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал пијаниот возач.
„По преземени мерки констатирано е дека А.М. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта. А.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобзирно управување со моторно возило“, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска
