Возило од улица влетало во канцеларија на oсигурителна компанија во Велес

Објавено: 15 септември, 2025, во 15:10 часот

Сообраќајната незгода се случила во петокот, на 12 септември, околу 13:00 часот на улица „АСНОМ“ во Велес, кога патничко возило марка „бмв“ со штипски регистерски таблици излетало од улицата и влегло во канцеларија на Осигурителна компанија.

„Возилото управувано од Р.У (27) од Велес излетало од коловозот и удрило во објект на правно лице. Во несреќата била причинета само материјална штета,“ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.

 Во незгодата нема повредени лица, соопштија од Итна медицинска помош.

-Наша екипа беше повикана на местото на незгодата но освен вознемиреност кај присутните лица во канцеларијата и кај возачот на автомобилот не се констатирани повреди, рече д-р Симона Тренчева од Итна медицинска помош на Здравствен дом Велес.

Увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес извршила увид на местото на незгодата од којшто се очекува да се утврдат причините.

Фотографијата на Дума.мк како и дојавата за незгодата и ја испратија граѓани кои се нашле на лице место.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.