Возрасен маж се здобил со изгореници по телото во пожар во неговиот двор во село Оморани

Објавено на 10 август, 2024 во 12:13
Фото: ЦУК

Осумдесет и четири годишниот М.Б од Скопје е пренесен во Општа болница Велес, вчера околу пладне и задржан на лекување, поради здобиени изгореници по телото којшто се последица на пожар во дворот на куќа во село Оморани, велешко.

-Пациентот е примен и добил здравствени услуги на Одделението за хирушки болести. Нему му била укажана прва специјалистичка медицинска помош која продолжува и денеска по одлуката на лекарите хирурзи пациентот да биде задржан на болничко лекување. Се применуваат здравствени услуги коишто се неопходни како преврски во стерилизирани чаршави. Пациентот е под постојана опсервација на здравствени работници, рече Марина Андова портпаролка на велешка болница.

Изгорениците М.Б ги здобил во двор на сопствена куќа во село Оморани.

-На 09 август 2024, во 11:20 часот, во Сектор за внатрешни работи Велес, било пријавено дека М.Б.(84) од Скопје  предизвикал општа опасност во село Оморани, општина Чашка, во дворното место од неговата куќа била опожарена сува трева. М.Б. од пожарот се здобил со изгореници констатирани во Општа Болница – Велес, соопшти Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Увид на местото на пожарот бил извршен од увидна екипа од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.