Врачена наградата „Мето Јовановски“ на „Ангелот на Велес“

Објавено на 10 декември, 2022 во 19:36
Фото: Ленче Здравкин и Уранија Пировска

Апелирајќи до сите органи и останатите чинители во општеството да ги спроведуваат и почитуваат законите денеска во Кристалната сала на Собранието на хуманитарката Ленче Здравкин и беше врачена државната награда „Мето Јовановски“.

Фото: Ленче Здравкин со сопругот,синовите и внукот

„Нашиот глас треба да стигне колку што е можно подалеку. Да ја градиме јавната свест бидејќи не постои толеранција за кршење на човековото право. Секоја координирана активност од општеството, од тебе, од мене, од сите заедно има клучно влијание во справувањето со кршењето на секое човеково право,“ додаде Здравкин.

Фото: Денис Јанкуловски и Уранија Пировска

Јанкуловски изрази благодарност за наградата и порача дека лицата со атипичен развој заслужуваат и мора да ги имаат истите човекови права, како и секој од нас, а тоа да не биде само на хартија.

Фото: Кристална сала на Собрание на Македонија

На годинешните добитници наградите им ги  врачи претседателката на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ Уранија Пировска. Таа потсети дека денеска се одбележува 10 Декември,  Меѓународниот ден на човековите права.

-Да им додели награда на луѓето кои покажаа висока свест за човековите права. Покажаа пожртвуваност во напорите да им помогнат на оние кои се најранливи и најмаргинализирани. Одлучивме да доделиме две награди оваа година затоа што сметавме дека овие двајца луѓе им помогнаа на оние кои навистина се маргинализирани – мигрантите и лицата со нетипичен развој, рече Пировска.

Фото: Претседателот Стево Пендаровски и Ленче Здравкин

Пировска нагласи дека двајцата добитници и се добро познати на македонската јавност. Ленче Здравкин или Ангелот од Велес и Денис Јанкуловски познат како Космонаутко. Здравкин, како што рече, во екот на најголемата бегалска криза ги отвори вратите на својот дом, ги хранеше и им помагаше на бегалците и сега се уште е активна помагајќи ги социјално загрозените семејства.

На доделувањето на наградата во Собранието присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, кој прв им честиташе на добитниците, како и пратеници, универзитетски професори, актери, новинари, семејствата на добитниците и нивни пријатели.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.