Вредностите на Европска Унија одбележани во Велес (фото и видео)
Со презентација за вредностите на Европкста Унија со пример на земја членка уште од самото основање, поточно Италија, денеска, започна одбележувањето на Денот на Европа 9-ти мај, организирано од страна на Младински центар Велес и Општина Велес, поддржан од градска библиотека во Велес.
Во Медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“ ученици од ООУ „Васил Главинов“ ги запознаа присутните со природните убавини, културата и традицијата на Италија. Презентацијата ја подготвија Јана Трипуновска, Сара Илиевска, Симона Ѓурова, Натали Маџарова, Теодора Панова и Георгина Димовска и Анастасија Миланова под менторство на наставничка по граѓанско образование Весна Дончевска.
За време на настанот, пред младите велешани, свое обраќање имаше и директорката на градската библиотека Снежана Бошевска, којашто зборуваше за вредноста на различностите на јазиците потенцирајќи дека со секој нов научен јазик секој човек е побогат за најмалку уште еден пријател. Исто така, Бошевска го издвои фактот што градската библиотека располага со голем борј книги напишани на француски, англиски, како и на јазиците на етничките заедници коишто живеат во државата, во истовреме промовирајќи ја алатката којашто пак на читателите од Велес и по електронски пат им нуди можност за читање на книги на македонски јазик.
Исто така, членовите на Младински центар подготвија интерактивна игра во која се вклучија и присутните ученици, кои на мапа ги закачуваа знамињата на државите на Европска Унија и споделуваа свои интересни искуства.
Настанот започна со композицијата „Ода на радоста“ којашто преставува химна на Европска Унија во изведба на пијанистот Стефан Димитриев од второ одделение во музичкото училиште „Стефан Гајдов“ во Велес.
Додека културните амбасадорки на Велес од балетското студио „Анабела“ го збогатија крајот на настанот со кореографија на песната „Животот е пред мене“ подготвени од кореографката Цеца Пајдакова.
Стефани Манева