За два дена, два напади врз жени во велешко – полицијата ги привела напаѓачите
Објавено на 24 октомври, 2025 во 11:48

Првиот напад се случил вчера попладне, во 15:20 часот, во велешко село кога била нападната 58 годишна жена од својот четири години постар сопруг. Полициски службеници постапиле по пријава за нападот што се случил во семејниот дом каде напаѓачот употребил тврд предмет и физички ја нападнал сопругата.
Во вториот напад физички нападната е 32 годишна Велешанка од 24 години постар невенчан сопруг кого таа го пријавила во Полициска станица ноќва, во 02:30 часот.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека полициски службеници ги привеле двајцата напаѓачи, известиле јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе поднесат соодветни поднесоци.
Убавка Јаневска


