За Велигден, поделени 800 оброци на социјално загрозени семејства во Велес
Објавено: 18 април, 2023, во 14:16 часот
Осумстотини граѓани коишто живеат во социјално загрозени семејства, на Втор ден Велигден, добија порција топол оброк.
На штандот поставен пред гостилница Боем, за час и половина, беа поделение сите оброци од страна на седум волонтери од Клубот на млади на Црвен Крст Велес.

Оваа хуманитарна акција, вчера, ја реализира Гостилница Боем во соработка со Здружение „Нула гладни“ како и многубројни донатори од грдот.
Стефани Манева


