Забава може да има, млади обезбедија музички инструменти и озвучување во Младински центар Велес (фото и видео)

Објавено на 8 април, 2023 во 12:47

Тим од млади активисти на Младински центар Велес победија со проектна идеја “Музичко катче во Младински центар Велес“ на повикот на граѓанското здружение „Младите можат“ од Скопје. Тие обезбедија мал грант со кои се купени по една виолина и гитара, три микрофони со сталки, два звучника и миксета. Така овозможија во Младински центар Велес да започне да функционира музичкто катче.

На свеченото затворање на малиот грант, вчера доцна попладне, младинскиот работник Ивана Јордева потенцираше дека по создадените први услови за работа, музичкото катче ги чека сите талентирани млади луѓе во општина Велес како и дека во наредни проекти ќе се обезбедуваат дополнителни музички инструменти.

Филип Ивковски од донаторот „Младите можат“ ја истакна желбата за понатамошна соработка со младите во Велес.

Присутните членови на Совет на Општина Велес, директорка на ОМУ „Стефан Гајдов“, професори од средни училишта родители и активисти на Младински центар Велес еден час се забавуваа, пееја и аплаудираа на извонредниот музички настап на талентирани млади велешани.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.