Забава, музика и радост за најмалите – Winterfest од 26 до 30 декември во Велес

Објавено: 16 декември, 2025, во 12:05 часот

Велешани ги очекува богата предновогодишна програма на Winterfest кој ќе се одржува од 26 до 30 декември во Младинскиот парк во Велес. Настанот ќе понуди незаборавно доживување, празнична магија, многу забава и дружење со новогодишен базар, музика, маскоти, греено вино, вкусна храна и изненадувања за најмалите, затоа Општина Велес веќе го најавува слоганот „Магијата почнува дома“.

Програмата на 26 декември започнува во 17:00 часот со детскиот фестивал „Весели ѕвончиња“, продолжува во 18:30 со настап на балетското студио Анабела, во 19:15 следува дружење со Мики и Мини, а вечерта во 20:30 забавата продолжува со DJ Flexify.

Во сабота, 27 декември, програмата започнува уште во 12:00 часот преку ден со настап на детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“, потоа во 13:00 часот следува Елфовско новогодишно шоу, еден час подоцна, поточно во 14:00 часот новогодишна работилница, потоа по краток одмор во 17:00 часот настап на Nonsense, забавата ќе продолжи во 18:45 со DJ Popeye, а вечерта во 21:00 часот ќе настапи Нина Јанева.

Недела, 28 декември, носи детска претстава „Заспаната добрина“ во 12:00 часот, во 13:00 часот пристигнува Дедо Мраз со помошниците, во 17:00 часот започнува магионичарско шоу, а потоа во 18:30 забавата продолжува со DJ Aleksandar Jordanov со дигитално шоу и вечерта се заокружува со настапот на Eye Cue во 21:00часот.

Понеделник, 29 декември, започнува во 17:00 часот со цртање на лице и игри со суперхерои, во 18:00 часот настапува Ashborn, потоа следува настапот на Валерија Шојлевска во 19:30 часот, а вечерта во 21:00 часот забавата продолжува со DJ Zorbital придружен со огнено шоу.

Завршниот ден, вторник, 30 декември, започнува во 17:00 часот со дружење со Стич, во 18:30 со DJ Luka Petrov. Вечерта ќе заврши со настап на Southpark во 21:30 часот за неповторлива завршница на Winterfest.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.