Загадувањето на воздухот во Кавадарци изразено само за време на грејната сезона (Видео)
Општина Кавадарци денеска ги презентира податоците од подолго истражување на квалитетот на амбиенталниот воздух што го направи лабораторијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Генералната оценка е дека најголемото загадување на амбиенталниот воздух во Кавадарци доаѓа во период на зимските месеци кога за затоплување на домовите граѓаните користат, дрва, остатоци од дрва и други енергенси.
Како одговорна општина, општина Кавадарци во делот на екологијата повеќе од три години работеше на истражување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Општина Кавадарци поседува четири мерни станици од кои една на МЖСПП и три се на Универзитетот „Гоце Делчев“. Од 2019 до 2021 година се работеше на комплетна анализа на амбиенталниот воздух. Заклучок е дека во време на грејната сезона во попладневните часови Кавадарци ги има поголемите загадувања со ПМ10 честички“ рече градоначалникот Митко Јанчев.
Анализата покажува дека во 2020 година има 157 дена со надминати вредности на ПМ10 честички. Во месеците мај, јуни, јули речиси и да нема зголемено ниво на ПМ10, а со почетокот на грејната сезона, oд ноември, после 17 часот секојдневно се бележи зголемено загадување.
-Концентрациите во текот на зимата покажуваат бимодална дневна промена, односно два врвови од кои еден во утринските часови, а вториот значително поизразен во вечерните часови. Во текот на летните месеци таква промена не се забележува. Eлементарниот јаглерод или познат како „black carbon (BC)“ е една од најважните компоненти на ситните суспендирани честички (PM ≤ 2.5 µm), а во атмосферата доаѓа како резултат од некомплетнитe процеси на согорување на течни и цврсти фосилни горива и биомаса,“ рече Доне Илов од одделението за инспекциски надзор при општина Кавадарци.
Ангел Данов