Јанчев: Засветија светилките на Скијачки центар во Михајлово
Објавено на 5 декември, 2024 во 12:31
„Се поставија 18 столбови во висина од 10 метри за осветлување, на кои се поставени по 2 лед рефлектори од по 200W на ски патеката и 1 столб со 4 лед рефлектори од 200W за осветлување на теренот. Во моментот се поставува ски лифтот како и останатата опрема, со што проектот е во завршна фаза и се очекува да биде отворен до крајот на овој месец, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на сопствениот профил на Фејсбук .
Станува збор за скијачки центар во изградба од кавадаречка страна на планина Кожув. Освен за Кавадарчани овој Центар ќе биде најблиско место за уживање во скијање и во зимските спортови или рекреација на граѓаните од општините во Вардарски плански регион.
Дума.мк