Затворен за сообраќај регионалниот пат Велес – Градско
Објавено: 15 март, 2023, во 10:40 часот
Авто мото сојуз на Македонија соопшти дека поради вградување на асфалтен слој, од денеска до 18 март, во периодот од 08:00 – 16:00 часот, ќе биде затворена за сообраќај Делница 4, односно делот од село Ногаевци до село Виничани, на регионалниот пат Велес – Градско.
Оттаму информираат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Дума.мк



