Заврши неделата на матурски вечери во Велес, последни прославија учениците на ССОУ „Коле Неделковски“ (фото и видео)
Објавено на 19 мај, 2023 во 13:48
Во мотел „Бела вода“, на езеро „Младост“, вчеравечер, завршувањето на средношколските денови и полнолетството ги прославија учениците на ССОУ“Коле Неделковски“.
И нивната вечер ќе остане за паметење. Млади убаво облечени девојчиња и момчиња до раните утрински часови играа и се забавуваа на музиката што за нив ја избра ди џеј како и музичка група. Неизоставен дел од забавата беше тапанот што како музички инструмент го сакаат сите млади додека се игра на македонската народна музика.
Матурантите, по мотелската, забавата ја продолжија во кафетериите за да ја завршат со групна прошетка до училишниот двор. Ниту еден од нив не влезе во дворот на училиштето. Сите играа и пееја пре влезната капија.
Честитки матуранти!
Дума.мк