ЗГ „Велешки акцијаши“ и ученици засадија по 200 садници јасен и багрем на „Вршник“
Објавено: 12 март, 2026, во 13:43 часот
Садниците се засадени на парцела кај фабриката за вода на ЈКП „Дервен“. Акцијата ја спроведоа младите акцијаши подржувачи на здружението „Велешки акцијаши“ кои се ученици на ООУ „Васил Главинов“, на ООУ „Блаже Конески“ и за прв пат на ООУ „Панко Брашнаров“.


-Акцијата за пошумување ја изведовме за четири часа. Ги засадивме и ги полеавме со вода. Младите поддржувачи кој денеска учествуваа во акцијата за пошумување се од трите основни училишта во Велес со кои имаме потпишано Меморандум за соработка, рече Делчо Костов претседател на ЗГ „Велешки акцијаши“.

Во акцијата денеска учествуваа 45 ученици и 11 акцијаши ветерани од ЗГ„Велешки акцијаши“ и ЗГ„Акцијаши Скопје“ од Скопје.
Убавка Јаневска


