Жител на Градско, во автомобил, пренесувал крадени дрва
Објавено на 11 декември, 2024 во 13:56
Триесет и четири годишниот М.П. од Градско бил запран вчера вечер, во 19:50 часот од полициски службеници на Полициско одделение Градско и по контола бил приведен.
-При контролата на патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, управувано од М.П., биле пронајдени огревни дрва без жиг и документација. Дрвата и возилото биле одземени и предадени на Шумска полиција, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Ѓаковска додаде дека по документирање на настанот, против М.П ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева