Жителите на Горно Оризари и велешани ќе можат да донираат помош за загрозените граѓани на БиХ од поплавите
Објавено на 7 октомври, 2024 во 13:20
Здружението „Глас Оризара“ од населеното место Горно Оризари кај Велес во соработка со хуманитарните организации „Мерхамет“ од Македонија и Босна, ќе организира акција за собирање помош за загрозените подрачја во Босна и Херцеговина кои се погодени од поплавите.
Веста е споделена во пост на фејзбук профилот на здружението во којшто пишува дека наскоро за граѓаните на Велес ќе споделат известување со информации кога, каде и како ќе го организираат хуманитарниот настан.
Дума.мк