Атлетичарот Роберто Димитриевски е втор на трката на 5 км на осмиот „Кавадаречки полу маратон 2026“

Објавено: 10 март, 2026, во 16:39 часот

Велешките атлетичари Роберто Димитриевски од АК „Велес“ и Трајче Илијевски од АК „Борец“  кои во неделата на 8 март трчаа на веќе традиционалиот Осми Кавадаречки полумаратон  ги освоија вторите места. Димитриевски дипломата и пехарот на 5 односно на 5.275 км и Илијевски на 10 километри. Воедно екипата од тројца атлетичари од АК „Борец“ составена од Трајче Илијевски, Борче Игевски и Срѓан Милошевски, исто така, го освоија второто место помеѓу повеќе екипи учесници на трката на 10 километри.

Воедно со Кавадаречкиот полумаратон официјално започна новата сезона на Македонската Тркачка лига 2026. Во минатогодишната лига Димитриевски беше трето пласиран.

Димитриевски во изјавата за Дума.мк потенцира дека иако цело време водел пред  сите учесници, на  сите три  трки кои што трчаа  истовремено низ главната кавадаречка улица, во последниот километар малку заостанал  и стигнал втор на целтта. Тоа за него сепак е успех затоа што секое искачување на победничкиот пиедестал на која и да е лесвица е вредно.

Тој деновиве повторно напорно тренира во Градскиот парк и се спрема за двете следни трки од Македонската тркачка лига за 2026 година, поточно за трката на 15 март на Шри Чинмој маратон во Скопје каде ќе трча на 21 километар и на 22 март на атлетската трка Зегин Спектратон во Скопје.

Инаку на полумаратонот на 21 километар во Кавадарци прв на целтта стигна Дарио Ивановски втор беше Жан Тосев а трет Александар Арсов. Кај жените прва се пласисира Фросина Михајловска втора Благица Јованова,а трета Марија Гинова.

Организатор беше Атлетски клуб „Меридиан“од Кавадарци.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.