Брчков од Златибор: Презадоволни сме од условите и подготовките, ново е што преговараме со двајца потенцијални фудбалери на ФК„Борец“
Фудбалерите на „Борец“ на подготовките во Златибор на првиот контролен меч одиграа нерешено 2:2 со екипата на „Младост“ од НовиСад. Натпреварот го започнаа фудбалерите на Рниќ, Раѓен, Стоменовски, Ефтимов, Манасиев, Ѓоргиевски, Николовски, Зарате, Љума, Ѓоргиев и Талески.
Тренерот Христов шанса им даде и на Јолдашев, Трајковски, Ибрахимовиќ, Реџепи, Манасиевски, Даци, Алиев, Поповски и Ракиџиев.
Головите за Борец ги постигнаа Ефтимов и Ѓоргиев.
Сопственикот на клубот, поранешниот кошаркарски репрезентативец Владимир Брчков, од Златибор за Дума.мк изјави:
-Екипата има феноменални услови, од спортските терени до сместувањето. Се функционира беспрекорно и задоволството кај играчите и стручниот штаб е на највисоко ниво. Задоволен сум од севкупниот амбиент и односот на играчите. На првата контролна средба одигравме добро. Иако натпреварот заврши нерешено игравме допадлив фудбал. Се чувствува дека составот е речиси комплетно променет и ке треба време да се уигра. Кога сме кај тимот имаме новина, преговараме со два играча по еден од Бразил и Нигерија. Тренерот Христов ке се одлучи за еден од нив, рече Брчков
Следната контролна средба е договорена со екипата на ФК„Инџија“ и ќе се одигра на 20 јули.
Лазар Лазаровски