Декласирани битолските „Конзули“ од КМФ „Кеги моби“
Нова победа на велешкиот клуб во мал фудбал “Кеги Моби” во Битола со резултат 1:6.
Велешани цврсто газат во првенството на втората футсал лига на Македонија. По пет кола, со исто толку победи, велешани се наоѓаат на првото место на табелата.
Што се однесува до самиот натпревар во Битола, во првиот дел се играше борбено со многу трчање и велешани го добија со 1:0.
Во второто полувреме работите си дојдоа на свое место, поквалитетниот гостински состав постигна пет гола и ја оствари целта. Жарко Спасовски вообичаено прикажа одлична игра и за Дума изјави:
„Тежок натпревар. „Конзули“ се состав во кој настапуваат проверени играчи од големиот фудбал. Ги надигравме со добра тактика во вториот дел на натпреварот. Против овој состав сите екипи во лигата ќе имаат тешка задача за да победа. Засега одиме по планот, играме добро и клубот „Кеги моби“ е на првото место на табелата. “
Лазар Лазаровски