Димче Тодорвски нов шеф на стручниот штаб на ФК „Локомотива“ од Градско

Објавено на 7 јули, 2021 во 08:42

Второлигашот „Локомотив“ од Градско во првенството на втората фудбалска лига ке го води Димче Тодоровски, поранешен фудбалер од Велес. Тренер на голманите е Сашко Паунов.  Минатосезонскиот тренер Сашко Пановски останува во стручниот штаб.

Според Тодоровски, во клубот остануваат сите играчи кои го остварија втолигашкиот статус. Во меѓу време екипата е појачана со осум играчи и се преговара со уште неколку од прволигашите „Борец“ и „Тиквеш“.

Подготовките на играчите ќе се одвиваат во Градско на теренот што го изгради Агенцијата за спорт и млади. Додека траат горештините ке се тренира под рефлектори.

Исто така стручниот штаб договори  шест пријателски среби.

Главна цел во претстојната сезона е опстанок во втората македонска фудбалска лига. Општина Градско и бизнис секторот ги обезбедија финансиските средсва за престојната сезона.

 Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.