Еден контранапад на ЖФК„Деспина“ им ја одзеде победата на фудбалерките на „Борец“ на домашен терен
Објавено: 10 ноември, 2021, во 16:32 часот
Во натпревар од шестотото коло на првата женска фудбалска лига екипата на ЖФК„Борец“ на теренот на Градски стадион „Зоран Паунов“ одигра нерешено 1:1 со гостинките, ФК„ Деспина“ од Прилеп.
„Борец“ дојде во водсво во 34 тата минута со голот на Максимовиќ која изби сама по десната страна и не и беше тешко да ја совлада прилепската голманка Павловска. Фудбалерките на „Борец“ беа поборбени и во вториот дел на натпреварот кога постојано напаѓаа. Но, по една грешка во 63 минута прилепчанки организираа брз противнапад и преку Петровска, која стрелаше во самиот десен горен агол, постигнаа гол и го израмнија резултатот.

До крајот на средбата домашните напаѓаа, но тоа беше јалова иницијатива и не вроди со плод. На натпреварот нападот не беше на висина и на задачата што упатува на констатацијата дека стручниот штаб ќе треба да се поработи на ефикасноста при создавањето на шансите во претстојните натпревари на првата женска фудбалска лига.
Лазар Лазаровски
