ФК „Превалец“ – ФК „Марена“ 4:1
Превалец продолжува со одличните игри и победи во натпреварите на третата фудбалска лига – Југ. На четири натпревари постигнати се исто толку победи. На средбата со „Марена“ повторно беа убедливи. Поведоа во 15 тата минута со голот на Маневски директно од корнер кој го изведе од левата страна. Истиот играч погоди уште два пати и постигна хеттрик. Во 51 и 63тата минута им побегна на своите противници и во двата наврата биеше откосо од десната страна неодбранливо.
Во 66 минута гостите промашија пенал, непрецизен беше Митров. Во 89 минута повторно пенал за гостите кој го виде само судијата. Овој пат прецизно биеше Мемедов. Во 90 тата минута голманот на Превалец Јовановски дегажираше, топката ја прифати Атанасовски и го постигна конечниот резултат од 4:1.
Димче Маневски тренерот на ФК „Превалец“ изјави:
-Очекувана победа. Гостите одиграа добро и дисциплинирано се преставија како силен противник. Одигравме солидно но има можности за напредок во играта. Четири средби четири победи не може подобро. ќе се трудиме серијата на добри резултати да потрае.
Лазар Лазаровски