ФК„Борец“ загуби од ФК„Работнички“ во Скопје

Објавено на 9 август, 2021 во 10:42

Фудбалерите на „Борец“ претрпеа пораз со резултат од 1: 0 на стартот на првенството првата фудбалска лига. На гостувањето во Скопје поразени се од екипата на „Работнички“ во натпревар којшто го одлучи еден гол. Домашните одиграа солидно и беа подобри токму за постигнатиот гол.

Играчите на „Борец“ се трудеа да направат нешто повеќе но одбраната на „Работнички“ секогаш беше на место и не дозволи да биде изненадена. Велешани во поле одиграа како што треба но потфрли нападот.

На останатите средби од првото коло изненадувачки постигнати се малку голови.

Во второто коло „Борец“ е домаќин и ја пречекува екипата на новиот прволигаш „Тиквеш “ од Кавадарци.

Лазар Лазаревски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.