(фото) Велешко „Младост“ достоен домаќин на Европскиот куп во далечинско пливање, победија Паскавале и Фабиан
За прв пат во Велес, вчера, на трети септември, се одржа Европски куп во далечинско пливање во склоп на 10 јубилеен велешки пливачки маратон. Триесет и еден учесник од 13 различни земји, во машка и женска конкуренција пливаа и си ги мереа силите во водите на езеро „Младост“. Патеката беше во должина од 10 км и натпреварувачите пливаа по шест круга од 1666 метри.
Првото место во машка конкуренција го освои Џордано Пасквале од Италија со време од 1:56:15, додека во женска конкуренција првото место го освои Бетина Фабиан од Унгарија со време од 2:07:21.
Победниците добија парична награда во висина од 2.500 евра, второпласираните од 1.500 евра и трето наградените 1.000 евра.
Европскиот куп во далечинско пливање беше организарано од страна на „Клуб 28“ од Велес , Кајак кану клуб „Бабуна“ и финансиски поддржан од Националната пливачка федерација и Општина Велес.
Стефани Манева