Фудбалерите на „Борец“ заминаа на подготовки во Анталија

Објавено на 16 јануари, 2022 во 16:03
Фото: Фудбалерите на ФК„Борец“ на скопски аеродром

Триесет фудбалери и членови на стручниот штаб заминаа за Турција на 12 дневни подготовки во Анталија каде постојат инзворедни услови за тренинзи во овој период од годината. Покрај постоечкиот играчки состав на екипата и се приклучи новото засилување Ракип Октај, како позајмен играч од „Шкендија“.

Фото: фудбалер Ракип Окта

Во Анталија се и четирите странски играчи со кои се преговара за трансфер во „Борец“. Ако тие ги задоволат критериумите ке следи потпишување на договори. И стручниот штаб се засили со Гордан Здравков, прославеното име на македонскиот фудбал, кој  покрај богатата фудбалска кариера се докажа и како тренер на повеќе екипи во земјава.

Фото: Фудбалерите на ФК„Борец“ на скопски аеродром

Додека траат подготовките во Анталија, фудбалерите на велешки „Борец“ ќе одиграат и три  договорени контролни пријателски средби со екипи кои во моментов се исто така на подготовки во Турција.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.