Фудбалерите на „Превалец“ продолжуваат со успешните настапи во натпреварите во третата фудбалска лига Југ
Во натпревар од 10 коло ,на домашен терен, фудбалерите на ФК „Превалец“ повторно прикажаа добра игра во натпреварот со ФК „Слога Лажани“ и постигнаа четири гола. Натпреварот заврши со резултат 4:1.
Всушност, натпреварот беше решен во првите 20 минути кога домашните со силен пресинг ги изненадија противниците и постигнаа три гола. Бобан Атанасовски го отвори резултатот а потоа Пеце Стојанов со два гола не им даде шанса на противниците да помислат дека можат од Превалец да заминат со поволен резултат.
Во 35 минута гостите намалија од слободен удар но во 60 та минута со вториот гол Атанасовски ја продолжи серијата на успешни настапи и резултати на ФК„ Превалец“. Еден од најискусните и најдобри играчи кој ги имал клубот, Ристе Крстев, на овој натпревар не беше во составот поради повреда. Тој по натпреварот за Дума изјави:
-Одигравме добро ,ги прегазивме во првите 20 минути .Со ова остануваме во самиот врв на табелата и како стојат работите ќе бидеме главен конкурент на екипата на Вардар од Неготино за освојување на првото место во лигата.
Лазар Лазаровски