Фудбалерките на „Борец“ поразени од струмичка “Тиверија”

Женскиот фудбалски клуб „Борец“ на домашен терен загуби од екипата на „Тиверија“ со резултат 2:3.Се сретнаа две екипи аспиранти за највисок пласман а љубителите на фудбалот проследија добар натпревар и пет погодоци.
Во првото полувреме гостинките ја имаа играта и беа поконкретни во стартовите. Во 36 тата минута преку Јанкова стигнаа во водство. Три минути подоцна Николовска ја казни неодлучноста на одбраната на Борец.
Во 44 минута убава акција на Борец и Максимовиќ го намали водството на гостинките. Додека домашните уште се радуваа, нов гол за Тиверија. Стрелец повторно Јанкова која биеше неодбранливо.
Во второто полувреме домашните ја превзедоа играта и создадоа неколку шанси од кои во 74 тата минута искористена е една преку Батиниќ.
За одбележување е и последната минута од натпреварот кога домашните имаа во два наврати стопроцентни шанси, но одбраната на „Тиверија“ се справи со опасноста. На крај гостинките се радуваа, а во „Борец“ може да жалат за пропуштените шанси.
Лазар Лазарoвски
