Фудбалерките на велешки „Борец“ започнаа со интензивни подготовки

Објавено на 20 јануари, 2022 во 15:24
Фото: Градски фудбалски стадион „Зоран Паунов“ Велес

Женскиот фудбалски клуб „Борец“ од 16 јануари ги започна подготовките за престојниот пролетен дел од првенството на првата женска фудбалска лига. На првата прозивка на шефот на стручниот штаб, Небојша Бреѓан, се одзваа сите играчи на коишто тој смета во првенството.

Фото: Небојша Бреѓан, шеф на стручен штаб на ЖФК„Борец“

Бреѓан за Дума изјави:

“Ке се подготвуваме на градскиот стадион. Јас ги поделив во три групи фудбалерките. Во моментов на тренинзите ќе обрнеме внимание на физичката подготвеност а потоа и на брзината на фудбалерките. На 12 и 13 фебруари ќе учествуваме во Струмица на мини турнир а на 27 и 28 исто така ќе учествуваме на турнир во Земун, соседна Србија. Со умисла ќе играме средби на гостински терени бидејќи пролетва на гости не очекуваат средби со директните конкурети за висок пласман. Задоволен сум од играчкиот кадар кој претставува добра база за наредните години  да бидеме редовно пласирани во самиот врв на табелата.“

Фото: Градски фудбалски стадион „Зоран Паунов“ Велес
Фото: Градски фудбалски стадион „Зоран Паунов“ Велес

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.