Фудбалерките на ЖФК „Борец“ непобедливи на гостински терен

Објавено на 8 ноември, 2021 во 16:01

Во петото коло на првата фудбалска лига жени во Тетово  ЖФК „Борец” ја совлада екипата на “Шкендија” со резултат 4:0. Велешанки се покажаа како пресилен противник и многу лесно стигнаа до победата и бодовите.

Велешанки во третата минута преку Елма Шемсовиќ го открија резултатот а во деветата минута имаа водство од 2:0 со голот на Николина Батиниќ. До крајот на првиот дел, помеѓу 29 и 36 минута со головите на Досуму Адебиси го зголемија водството. На полувреме велешанки замина со четири гола предност. Победникот беше веќе познат.

Во второто полувреме фудбалерките на „Борец “ задоволни од високата предност го одржуваа резултатот за на крај заслужено да се радуваат на победата. Интересен е фактот што на трите гостувања во првенството ЖФК„Борец“ бележи исклучиво победи.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.