Хуманитарен турнир во мал фудбал „СИТЕ ЗАЕДНО ЗА РИСТЕ ГИОВСКИ” во Велес
Велешки хуманисти се организираа деновиве со цел да му помогнат на својот сограѓанин Ристе Гиовски да ја добие битката што ја води со болеста. Тие се организатори на турнирот во мал фудбал што ќе се одржи на ракометното игралиште во населба Тунел, во недела, на 27 јуни со почеток од 17 часот.
Сите екипи што ќе учествуваат на овој спортско хуманитарен натпревар потребно е да уплатат котизација во износ од 6000 денари.
-Собраните финансиски средства од котизацијата се наменети за лекување на нашиот добро познат сограѓанин Ристе Гиовски. „Неговата борба е и наша борба !“, рекоа организаторите.
Котизацијата може да се уплати пред почетокот на турнирот или уште денеска и во наредните два дена. Потребно е да се исконтактира со велешанецот Жарко Спасовски, од организаторите на хуманитарниот турнир, на моб. тел. број 078 685 401 од кого учесниците на турнирот ќе ги добијат сите потребни информации.
Стефани Манева