Изненадување во Тетово „Шкендија“ – „Борец“ 0:0

По паузата во првенството поради обврските на државната репрезентација, продолжија натпреварите со редовното 25 – то коло на првата фудбалска лига. „Борец“ на гостувањето во Тетово успеа да освои бод против се уште актуелниот минатогодишен шампион екипата на „Шкендија“.
Играчите на „Борец“ играа пожртвувано, одбраната беше добро поставена и на чело со голманот Јакимовски не дозволија да потклекнат. Добро организираната одбрана беше причина домашните да не успеат да стигнат до зацртаните бодови. Кога ќе успееја играчите на „Шкендија“ да упатат удар тогаш на сцена стапуваше голманот на „Борец“ кој на овој натпревар беше несовладлив.

Во следното коло во Велес на градскиот стадион „Зоран Паунов“ гостува екипата на Академија „Пандев“ од Струмица.
Лазар Лазаровски
