Кајакарите на ККК„Гемиџии 903“ од меѓународен натпревар во Босна и Херцеговина се вратија во Велес со 13 освоени медали (фото)
Девет први , две втори и две трети места освоија кајакарите на Кајак Кану Клуб “Гемиџии 903” од Велес на Меѓународен натпревар во дисциплина слалом во Горажде, Босна и Херцеговина. Натпреварот се одржа минатиот викенд додека кајакарите и кајакарките на велешкиот клуб со освоените медали доцна вчера вечер се вратија во Велес.
Вкупно 13 освоени награди во Велес ги донесоа следниве кајакари:
Во категорија К1 мажи – пионери прво место освои кајакарот Павел Димовски, второто место му припадна на Игор Ахилеас Алексов и третото на Петар Димовски.
Во истата категорија за жени – пионерки првото место го освои кајакарката Данаи Константина Николакопулу.
Кајакарите на Кајак Кану Клуб „Гемиџии 903″ ги освоија првите места и во категорија К1 кадети. Во машка конкуренција со кајакарот Александар Алексов додека во женска категорија со Марија Пановска.
Прво освоено место велешките кајакари имаат и во категорија 3хК1 за пионери во машка конкуренција. Го освои кајакарите Алексов – Димовски – Димовски.
Додека во категорија Ц1 пионери сите три места им припаднаа на велешките кајакари од овој клуб поточно Игор Ахилеас Алексов го освои првото, Павел Димовски второто и
Петар Димовски третото место.
Прва во категорија Ц1 пионерки е Данаи Константина Николакопулу како и Марија Пановска во категорија кадетки додека Александар Алексов во истата категорија мажи.
А.Ј
Фото галерија