Кајакарите на велешките клубови најдобри на Државното првенство во кајак на диви води и на „Велес опен“

Објавено на 13 септември, 2021 во 12:41

Во Велес, на патеката на река Вардар, вчера се одржа Државното првенство во кајак на диви води за пионери во организација на Кајакарската федерација и Кајак клубот „Гемиџии 903“ од Велес.

Во дисциплината  К-1 државен првак е Полат Зејнелов од ККК „Вардар“ од Велес, пред Кристијан Смилев од КК „Бабуна“ од Велес и третопласираниот Христијан Петровски од екипата на КК „Илинден“  од Скопје.

Полат Зејнелов е повторно најдобар во дисциплината С-1 пред Александар Алексов од „Гемиџии 903“, додека третото место го освои  Марко Варналиев од КК „Бабуна“.

Во дисциплината К-1 пионерки државен првак е Марија Панова од КК „Гемиџии 903“ ,втора е Бојана Нацева од КК „Бабуна“ и третопласирана е Константина Денаи од ККК„ Гемиџии 903“.

Во 3 x К-1 првите три места ги освоија велешките екипи. Првото е ККК „Вардар“,  ворото место го освои КК „Гемиџии 903“ и третото место КК „ Бабуна“.

Во севкупен пласман најуспешен  е ККК „ Вардар“ со освоени 91 бодови пред КК „Бабуна“ со 79 или бод повеќе од ККК „Гемиџии 903“ кој освои 78 бодови.

На истата патека се одржа и традиционалниот турнир “Велес опен” во организација на ККК „Вардар“. Во пионерска конкуренција важеа резултатите од Државното првенство.

Кај јуниорите во дисциплината К-1 првото место го освои Ангел Петрушев од ККК  „Вардар“ пред клубскиот соиграч Стефан Рибарски, додека трет беше Никола Димитриев од  КК „Просек“ од Демир Капија.

Во сениорска  конкуренција најдобар е Борче Мирчевски од КК „Бабуна“, второто место го освои Виктор Коцев од „Просек“ од Демир Капија и трет е Мартин Мазнев од КК „Вардар“.

Во вкупен пласман  на „Велес опен“ првото место и припадна на екипата на ККК „Вардар“  со освоени 97 бодови, втора е екипата на КК „Бабуна“ со 81  бодови, на третото место се пласира екипата на ККК „Гемиџии“ со вкупно 76 бодови, додека четвртото и петото место го поделија екипите на КК „Просек“ од Демир Капија и КК „Илинден“ од Скопје со по 61 освоени бодови.

Лазар Лазаревски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.