Каратистите од КК „Гладијатор“ учествуваа на државниот натпревар „Куп на Македонија“
Единаесет каратисти на карате клуб „Гладијатор“ се стекнаа со право да земат учество и да ја претставуваат Македонија на балканско првенство во Бар, Црна Гора додека други двајца со право на учество на Светско првенство во Конја, Турција. Од карате клуб „Гладијатор“ велат дека овие можности каратистите ги добиле при учество на државниот натпревар „Куп на Македонија“ кадешто учество земале 11 натпреварувачи и се стекнале со одличја во првите три места во нивните категории.
Учество земале Арсовска Мартина, ката индивидуално јуниорки до 21 година. Бацковиќ Лука, кумите индивидуално кадети, Караманов Даниел кумите индивидуално јуниори до 21 година, Алексовска Андреа ката индивидуално јуниорки. Потоа Бунтески Марко ката индивидуално јуниори до 21 година, Чорески Хасан кумите индивидуално кадети, Стојановски Стефан ката индивидуално јуниори до 21 година, Гашева Теа ката индивидуално јуниорки до 21 година, Пановски Давор кумите индивидуално кадети, Поптодоров Марко ката индивидуално машки јуниори, Димовски Марко ката индивидуално машки кадети.
Карате клуб „Гладијатор“ но и тимот на Дума.мк им посакува многу успех на натпреварувачите на претстоните првенства.
фото: