Каратистката и судијка Војдиновска се стекна со нова лиценца
Објавено: 12 мај, 2023, во 09:22 часот
Kаратистката Климентина Војдиновска од Карате Клубот „Гладијатор“ е носител на Светска лиценца во ката и кумите. Полагањето се одржи на Премиер лигата во Рабат, Мароко.
Климентина беше избрана од страна на комисијата во најдобрите тројца кандидати на полагањето за светски лиценци во силна конкуренција, од вкупно 150 кандидати.
Војдиновска беше долгогодишен репрезентативец на Македонија во кумите. Во моментов освен што е светски судија е и тренер во матичниот клуб во Велес.
Дума.мк

