„Кеги моби“ во гости го победи „Овче Поле“

Објавено на 26 декември, 2021 во 21:24
Фото: Спортска сала Свети Николе

Во последниот натпревар годинава , кој се одигра во Свети Николе, „Кеги моби“ без некои потешкотии стигна до победа и три бода. Совладна е домашната екипа на „Овче Поле“ со резултат 7:4 во натпревар од деветото коло на втората футсал лига.

Фото: Натпревар КМФ„Овче Поле“ – КМФ„Кеги моби“

По првиот дел, велешани имаа предност од четири гола и резултат 5:1. Во второто полувреме се повтори старата слика. Задоволни од предноста играчите на „Кеги моби“ играа колку да го добијат натпреварот и им дозволија на домашните да претрпат поднослив пораз.

Кире Ивановски стартерот на „Кеги моби“ веднаш по завршување на натпреварот за Дума.мк изјави:

Фото: Кире Ивановски

-По првите 20 минути створивме недостижна разлика, го надигравме противникот, ги проценивме можностите и без проблеми стигнавме до победа и три бода. Следи паузата во првенството до пред крајот на месец јануари и продолжуваме со исто темпо. Наша цел е првото место и пласман во првата лига, рече Ивановски.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.