Лошо издание, на пријателскиот натпревар, на фудбалерите на велешки „Борец“
Во пријателски подготвителен натпревар ФК „Борец“, на домашен терен, загуби од второлигашот „Воска“ од Охрид со резултат 0:3.
Гостите покажаа поборбена игра и помалку грешки. Беа цврсти во одбраната и порешителни во дуелите. Домаќинот, екипата на „Борец“ прими два гола по изведени корнери и катастрофални грешки на потесната одбрана. Фудбалерите имаа и проблеми со изнесувањето на топката од својата половина а посебна приказна беше нападот. Покрај создадените повеќе шанси стрелците се изнапромашија, посебно во вториот дел.
Двајцата тренери, на домаќинот „Борец“ и на гостинската екипа „Воска“, им дадоа шанса на сите играчи кои ги имаа на располагање.
Натпреварот се одигра попладнево на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес, на седум дена пред продолжување на првенството на Првата фудбалска лига, во кое Борец го очекува грчевита борба за опстанок.
Лазар Лазаревски