„Лозари Исток“ добија своја лименка Наше Македонско пиво, за 30 години постоење на кавадаречките навивачи

„Лозари Исток“ од Кавадарци е една од најдобрите и најинвентивните навивачки групи во Македонија и пошироко во регионот. Со сериозен број на членови и тим за почит. Познати помеѓу спортските фанови, успесите и победите на „Лозари Исток“ се речиси секојдневие.
Годинава, тие слават 30 години постоење!
Повод нивното долгогодишно функционирање и како благодарност за несебичната поддршка и посветеност на сите натпревари, Компанијата Кожувчанка, во име на цел регион, им оддава почит!
„Создадовме специјален, лимитиран дизајн на лименка на нашиот бренд Наше Македонско пиво. Ова е гест од нашата Компанија за сите наши сограѓани од „Лозари Исток”. Навивачи на трибините на кавадаречките екипи. Нашиот тим им посакува уште многу години успеси и победи и на здравје со Наше Македонско пиво!”- велат од Кожувчанка ДОО.
„Лозари Исток” остануваат на натпреварите и трибините секогаш со љубов, верност и песна посветена кон кавадаречките спортски колективи. Ајдуци, Ретки билки, Лозари, Ултра Кру, Ултра Дринкерс, 12 Бригада, Наш’то маало и останати.
Среќен роденден дечки, се гледаме на истокот!
