Младиот велешки атлетичар Роберто Димитриевски 4-ти на првиот „Кичевски маратон KRUN 2023“

Објавено на 31 октомври, 2023 во 09:37

Младиот велешки атлетичар Роберто Димитриевски од АК „Велес“ изминатата недела во Кичево на маратонот од 5 километри со рекордно време и негово најдобро лично време од 16:40 минути го освои високото четвртто место на првиот “Кичевски маратон KRUN 2023“. Тој беше со само една секунда повеќе од третопласираниот Ставре Јада кој третото место го освои со време од 16:39 минути. Димитриевски до самата цел беше на трето место, но во последниот чекор на целта беше претекнат од атлетичарот Ставре Јада кој го освои третото, а Роберто Димитриевски се  пласира на четвртото место во конкуренција на 116 учесници – мажи. Во женска конкуреција учествуваа 63 натпреварувачки.

Првото место на 5 километри го освои Леонид Вандевски од АК „Делта“ од Скопје, втор на целта пристигна Григоријан Никовски од АК „Делта“ од Скопје. Во женска конкуренција на 5 километри прва на целта пристигна Теа Божиновска од „МС Рунинг Тим“ од Скопје, втора Фросина Михајловска од „ЕБР“ и трета Бојана Наумовска од АК „Делта“ од Скопје.

На маратонската трка на 10 километри првото место во машка конкуренција го освои Мухахид Мислими од АК „Ускана“, а кај жените на 10 километри прва на целта пристигна Греша Бакрачи  од Косово.

Инаку Роберто Димитриевски деновиве засилено се подготвува за престојниот маратон „November RUN Гевгелија“ што ќе се одржи на 5 ноември, во недела. Тоја на 11 ноември ќе учествува и на маратонот во Куманово,а на 12 ноември на Велешкиот маратон.

Димитриевски на Скопскиот Маратон „WIZZAIR “ во силна конкурнција на атлетичари од цел свет го освои 11 место,а на Прилепскиот маратон 5 тото место.

Добрите атлетски  познавачи и врвни атлетичари од  земјава,за Дума.мк потецираат дека тој е атлетичар во подем и ако продолжи со вакво темпо и брзина на  трките го очекува блескава атлетска кариера како дома така и на претстојните маратони надвор од македонските граници.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.