Mладите ракометари на ГРК „Борец“ изненадија – втори во државата
Објавено на 24 јуни, 2021 во 09:52
На државното младинско првенство до 20 годишна возраст на општо изненадување составот на градскиот ракометен клуб „Борец“ го освои второто место.
По фази се играше во 4 групи со по 6 екипи. „Борец“ во својата група нанижа 5 победи и обезбеди учество на финалниот турнир кој се одигра во Велес. На турнирит играа победниците од четирите групи.
Победник е екипата на „Кирил Лазаров-7“ која во финалето го совлада „Борец“. Трет е битолски „Пелистер“ пред екипата на „Скопје 2020“.
Овој успех е еден од најголемите на велекиот младински ракомет. За кратко време тренерот Васил Василев со помошникот Кире Мачавелов создадоа одличен состав. Ако се подобри финансиската состојба на клубот идат убави денови за велешкиот ракомет.
Лазар Лазаровски