Најмладите спортисти од кошаркарскиот клуб „Борец Баскет“, Градскиот одбојкарски клуб „Борец“ и Женскиот одбојкарски клуб „Борец“ на камп во Охрид
Дваесет и втори пат по ред во Охрид се одржува традиционалниот камп за најмладите вљубеници во одбојката и кошарката. Околу 200 учесници се во Охрид под водство на Дарко и Весна Николови, Васко Бојчев, Петре Жабев и Ангел Љутков.
-Се тренира по два пати на ден. Вниманието е насочено кон техничко мотористичките способности. Условите се прекрасни. На располагање е спортска сала, отворени терени. Кога ќе споменеме плажа, диско само за учесниците, прошетки, разгледува на знаменитостите на градот, дружба, едукација и социјализација доаѓаме до еден момент во кој овие деца искажуваат огромно задоволство од овогодинешниот камп. Не случајно ова е 22 година на заедничко учество на трите клуба кои секоја година за најмладите го организираат ова кампување, а интересот секоја година е се поголем – рече професор Весна Николовска еден од тренерите во кампот.
фото: