Натпревар решен во „тај брек”, ГОК„ Борец” – ОК„ Универзитет Тетово” 3:2
Одличен натпревар, полн со неизвесноти и пресврти, одиграа вчера вечер одбојкарите на ГОК„Борец“ и ОК „Универзитет Тетово“. Првите два сета ги добија гостите со 22:25 и 17:25.
Во третиот сет имаа предност од 24:21 и речиси добиен натпревар. Публиката беше разочарана од исходот и веќе станата од столчињата за да ја напушта салата,кога со неколку сервиси Димовски го „врати” „Борец“во игра и сетот го добија домаќините со 28:26.
Инаку првите два сета гостите ги добија со инзворедната игра на Јовица Симовски кој беше непогрешлив во зоната на нападот но и од втора линија.
Во четвртиот сет, до пред самиот крај, гостите имаа водсво но тогаш проработи нападот на „Борец“ и сетот беше добиен со 25:22.
Во решавачкиот петти сет блокот стана моќно оружје на велешани. Го запреа Симовски кој најверојатно се соочи со умор и се разигра новото засилување на „Борец“, украинецот Роман Волков. Така домаќините стигнаа до победа со 15:11 во сетот и резултата од 3:2 во натпреварот.
Домашните освоија два а гостите еден бод. Од оваа средба највеќе профитира публиката којашто одамна немаше проследено вака интересен натпревар во спортската сала „Гемиџии“ во Велес.
Лазар Лазаровски