Не запира серијата на високи победи на клубот во мал фудбал „Кеги моби“

Објавено на 4 декември, 2021 во 21:56

Во натпревар од шестото коло на втората футсал лига на Македонија,  пред своите гледачи,  КМФ „Кеги моби“ ја совлада екипата на КМФ „Сее университи“ со 9:2.

Домашните поведоа во 27 секунда со голот на Давчевски.

Со головите на Трајков во втората, Адиливиќ во третата и Саздовски во седмата минута стигнаа до водство од 4:0. Победникот беше решен.

Бобан Давчевски

До крајот на натпреварот тренерот Панче Нанев им даде можности и на играчите кои вообичаено немаат голема минутажа на натпреварите.

Капитенот Адил Адиловиќ вечерва беше меѓу подобрите поединци. Тој по натпреварот за Дума.мк рече:

Адил Адиловиќ

,, Очекувана победа, многу рано направивме висока предност и прашање беше со колку гола разлика ќе го добиеме натпреварот. По шест кола имаме максимален учинок и први сме на табелата.  Намерата ни е тука да останеме со што ќе обезбедиме пласман во првата футсал лига”.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.