Нов успех на велешките борачи
Објавено на 23 март, 2022 во 15:10
Кочани беше домаќин на државното пионерско првенство во борење слободен стил. Учество земаа петнасет екипи а борачите на „Борец“ го освоија петото место во екипна конкуренција. Поединечно се освоени едно прво, едно второ и две трети места.
Инзвореден настап имаше Ердин Зејнелов во категоријата до 75 кг. кој имаше пет борби и забележа исто толку победи. Годинава на сите турнири е доминантен и едноставно непобедив.
Борачите на боречкиот клуб „Борец“ тренираат во вторник, четврток и петок во спортската сала „Гемиџии“ со почеток во 17.30 часот. Во исто време и примаат нови членови. Интересно е што во последно време и девојки јавуваат интерес за овој атрактивен спорт.
Лазар Лазаровски