Одбојкарот Колев: И покрај поразот од ОК „Шкендија“ јас сум оптимист за играта на ГОК„Борец“
Одбојкарите на „Борец“ загубија пред своите гледачи, во спортска сала „Гемиџии“ со резултат 2:3 во натпревар од 10 коло на Прва одбојкарска лига. По сетови 25:20, 25:16, 21:25, 22:25 и 13:15.
Тетовска„ Шкендија“ се претстави како силен состав иако првите два сета тоа не го наговестуваа. „Борец“ лесно поведе со 2:0. Потоа во наредните три сета како на теренот да се појави друг состав.
Ако во првите два сета функционираше сервисот, приемот, блокот и играта во поле во останатите три сета овие елемнти на играта преминаа на спротивната страна, кај гостите.
Во играта на „Борец“ му недостасуваше стандардниот првотимец Жарко Колев кој поради повреда мечот го следеше од трибините.
„И покрај овој неочекуван пораз јас сум оптимист за играта на ГОК„Борец“. Имавме добра полусезона. Пласирани сме во самиот врв на табелата. Очекувам во вториот дел уште подобри настапи со кои мојот клуб ќе остане во горниот дел на табелата.”
Бидејки победникот се решаваше во тај брекот победникот ОК„Шкендија“ освои два а поразениот ГОК„Борец“ еден бод.
Лазар Лазаровски